Екипата на манчестер Сити во крајно драматичен натпревар го совлада тимот на Челзи 2:1. Челзи почна фуриозно, напочетокот на натпреварот се закани со две одлични шанси на Вилијан и Томори но не успеа да ја затресе мрежата на Сити. Во 21 минута Челзи го отвори резултатот преку Н’голо Канте поведувајќи во Манчестер со 0:1. Но Манчестер брзо ги консолидираше своите редови па веќе во 29 минута израмни на 1:1 со голот на Де Бруине. Во 37 минута Роди Махрез повторни погоди за Манчестер Сити за пресврт 2:1 и голема радост на „Итихад“. Со овој резултат се отиде на полувреме, а во вториот дел мрежите мируваа иако имаше шанси и на двете страни.
