АЛУШЕВСКИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР НА ЕУРОФАРМ

Ракометниот клуб од Битола, Еурофарм Работник ја прекина соработката со досегашниот тренер Стевче Алушевски. Еурофарм влезе со големи амбиции во оваа сезона каде за прв пат се пртстви во ЕХФ Лигата на Шампиони, а настапува и во регионалната СЕХА Лига. Очекувањата засега не одат во посакуваната насока па Еурофарм во ЛШ забележа 2 победи и 7 порази на 9 натправари, додека во СЕХА Лигата има 3 победи и 4 порази на 7 одиграни натпревари. Повеќе од натпреварите Еурофарм ги загуби со 1 – 2 голови разлика но тоа не смее да биде оправдување. Предизвик за наследникот на Алушевски треба да биде пласман во четвртфинале на СЕХА Лигата каде Еурофарм има 9 бодови и е на делба на третото место со екипите на Загреб и Металопластика.

„Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.
Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси
“, стои во соопштението на рк Еурофарм Работник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *