Денес со почеток во 18:00 часот ќе се одигра најголемото кошаркарско дерби кај нас. Во салата „Градски Парк“ во Скопје Работнички го пречекува МЗТ Скопје Аеродром. Овој натпревар покрај кошаркарски ќе има и хуманитарен карактер. Средствата од продадените влезници ќе бидат наменети за изградба на куќа на семејството Јовановски од селото Битуше, Дебарско. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ ги повика љубителите на кошарката да присуствуваат на овој натпревар.
Денес е денот за кошарка и ден за градското дерби.
Од 18:00 часот, во салата Градски Парк сите заедно да ги бодриме кошаркарите на нашиот Работнички во дуелот со МЗТ Скопје.
Средствата собрани од влезниците ќе се наменат за изградба на куќа на семејството Јовановски од Битуше.
Споделете и проширете, за овој кошаркарски празник да биде една причина повеќе за топол дом и среќа на нашите пријатели, на кои овие средства им се најпотребни.
Да помогнеме и да бидеме хумани! – објави на својот фејсбук профил градоначалникот Богдановиќ.