Поради голем интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на Шампиони Вардар – Веспрем управата на ракометниот клуб Вардар реши да пушти во продажба дополнителни 150 билети кои се наменети за стоење. Натпреварот Вардар – Веспрем ќе се одигра во недела во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 17:00 часот. Ова е последен натпревар на Вардар оваа година. Оваа полусезона Вардар не игра најдобро, три натпревари по ред во ЛШ нема победа па се очекува на овој меч со поддршка на публиката да се прекине таа серија. Билети за натпреварот може да се купат преку онлајн продажната мрежа www.ticketplus.mk или на билетарата во салта „Јане Сандански“.