Ракометарите на Вардар доживеаа нов висок пораз во ЕХФ Лигатана Шампиони. Вардар беше совладан на домашен терен од Веспрем 29:38. Вардар ниту еднаш не дојде во водство на овој натпревар. Најефикасен кај Вардар беше Атман со 7 голови, Кај Веспрем Ненадиќ беше најефикасен со 11 голови од 12 обиди. Ова беше последен натпревар на Вардар во Лигата на Шампиони следи зимскиот преоден рок каде Вардар ќе има работа да промени нешто во своите редови. Вардар е на 6 позиција на табелатасо 9 бодови што носи во осминафиналето.