Словенечкиот репрезентативец и играч на Далас Маверикс Лука Дончиќ се приклучи во хуманитарната акција за лечење на неговиот сонародник Крис Зудиќ. Малиот Крис има две години и боледува од генетската болест спинална мускулна атрофија за што е потребна најскапа терапија. За негово лечење се потребни 2,125 милиони долари. Дел од средствата се собрани преку хуманитарни акции во Словенија а остатокот ќе го плати Лука Дончиќ. Малиот Крис заедно со семејството е во Лос Анџелес каде треба да проведе три месеци за неговата терапија во медицинскиот центар „Роналд Реган“. На вчерашниот натпревар Далас му гостуваше на ЛА Лејкерс, па Лука Дончиќ ја искористи оваа шанса да се сретне со Крис и неговата фамилија.
:no_upscale()/arc-anglerfish-arc2-prod-dmn.s3.amazonaws.com/public/6PX44BCJKVAZHHNNGD3LWBR4RQ.jpg)