Бојан Величковски кој настапува за Македонската репрезентација до 14 години моментално е на проба во Шпанскиот клуб Естудиантес. Величковски од 2 до 6 декмври треба да биде на проба во клубот а од 6 до 8 декември ќе добие шанса да игра на мини купот Едеса 2020.

Бојан Величковски потекнува од школата на кк Вардар, тој две години по ред беше најдобар играч во Македонското првенство. Величковски одлично се покажа на настапите за репрезентацијата М14. Тој во Европската Младинска Кошаркарска Лига EYBL на турнир кој се одржа овој септември беше најдобар стрелец со 27,75 поени по натпреваар, трет скокач со 12,5 скокови по натпревар и имаше трет најдбар индекс 29,75 по натпревар.