Во првиот натпревар од 18 коло во ПМФЛ Силекс на домашен терен го совлада тимот на Академија Пандев со 3:1 со што се искачи на второто место на табелата. Натпреварот го отвори Виктор Серафимовски во 41 минута, во 61 минута Силекс зголеми на 2:0 преку Дарко Додев, две минути подоцна Акаденија Пандев успеа да намали на 2:1, а конечните 3:1 ги постави Драшковиќ со гол во 69 минута. Останатите натпревари се играат утре со почеток од 13:00 часот. Вардар -ја пречекува Шкендија, Шкупи – Македонија ЃП, Струга Т.Л. – Борец 1919, Ренова – Работнички