На состанокот кој се одржа вчера во Милано челниците на Интер и Барселона договорија соработка за време на зимскиот преоден рок. На овој состанок спред „Газета дело Спорт“ е преговарано еден од играчите на Барселона, Иван Ракитиќ или Артуро Видал, да се пресели на Џузепе Меаца. Интер од поодамна сакаше да го ангажира Хрватскиот интернационалец Ракитиќ но не успеа во намерата. Со овој договор се шпекулира дека Ракитиќ во зимскиот преоден рок ќе бииде позајмен на Интер до крајот на сезоната, а наредното лето Интер ќе треба да го откупи договорот за 30 милиони евра. Иван Ракитиќ иако во последно време прикажа добра игра и се избори за место во првиот тим, Барселона се подготвува да го продаде и најверојатно тоа ќе се случи во наредниот преоден рок.