ЏЕНАРО ГАТУЗО ГО МЕНУВА АНЧЕЛОТИ ВО НАПОЛИ

Резултат с изображение за gatuzo napoli

Наполи и Елиф Елмас откако се пласираа во осминафиналето во Шигата на Шампиони добија нов тренер. Џенаро Гатузо ќе биде замена за досегашниот тренер Карло Анчелоти. Гатузо потпиша 6 месечен договор со Наполи со можност да биде продолжен доколку Наполи се пласира во Лигата на Шампиони. Наполи моментално е на 7 место во Сеерија А што значи дека Гатузо ќе има доста работа следната полусезона. Следен предизвик за Наполи е Лигата на Шампиони каде се пласира во осминафиналето. Гатузо има големо играчко искуство, тој скоро целата играчка кариера ја помина во Милан каде освои значајни титули во Серија А и во Лига на Шампиони. Како тренер Гатузо досега нема големо искуство. Тренерската кариера Гатузо ја започна како помошник тренер во Швајцарскиот клуб Сион, потоа беше тренер на Палермо ОФИ Крит, Пиза а кратко време седна на клупата на Милан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *