
Можно е да не се одигра најголемото фудбалско дерби помеѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид. Овој дуел првично требаше да се одигра на 26 октомври, но поради нередите во Каталонија беше презакажан за 18 декември. Но повторно се појави проблем бидејќи се закажани протести токму на 18 декември во Барселона пред стадионот „Ноу Камп“. Поради оваа причина играчите на Реал Мадрид изјавија дека нема да го напуштат авионот доколку не им биде гарантирана безбедноста. Претседателот на Каталонија Хосеп Бартомеу рече дека треба да се направат услови за одигрување на „ЕЛ Класико“, и дека политичката ситуација не треба да влијае на ова дерби.
-„Можам да кажам дека „Ел Класико“ ќе се игра, нема да има повторно одложување. Сите имаме одговорност да овозможиме натпреварот да се одигра. Знаеме дека во моментов во Каталонија политичката состојба не е најсјајна. Нашиот стадион е место како луѓето можат слободно да ги искажат своите чувства, и тоа не влијае на никого на теренот. Токму затоа верувам дека натпреварот ќе се игра на 18 декември“ – Изјави претседателот Хосеп Бартомеу.