Кошаркарите на Работнички забележаа рутинска победа на гостувањето во Аеродром против младиот тим на МЗТ Скопје Уни Банка 72:89 по четвртини 13:23, 23:19, 15:23, 21:24. Тиммот на МЗТ Скопје У.Б. е составен исклучиво од играчи од младата школа на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, за кои не беше лесно да се надигруваат со поискусните кошаркари на Работнички. Најефикасни кар Работнички беа Лесколт 28 поени, Бенџамин 18, Мијатовиќ 10. Кај МЗТ Скопје У.Б. најефикасен беше Митевски со 17 поени, Тодоровски постигна 16, Исајловски 13. Работнички со оваа победа е на делба на втората позиција на табелат а МЗТ Скопје У.Б. останува на последното место без победа во прволигашката конкуренција.