ПЕЛИСТЕР ЗАГУБИ ПО ПРОДОЛЖЕНИЕТО МЗТ СКОПЈЕ ОСТАНУВА НА ВРВОТ

Се комплетира единаесетото коло во македонското кошаркарско првенство. Во Битола Пелистер по продолжението беше поразен од тимот на Еуро Никел 82:88 откако во регуларниот дел беше 78:78. Во тек на целиот натпревар се играше изедначено а ниедна екипа не направи поголема предност од осум поени. Кај гостите од Кавадарци најефикасен беше Каплановиќ со 23 поени, Марзет со 19 поени, и Дарко Сколов со 16 поени, а Јане Петровски постигна 11. Кај Пелистер Казарновски беше најдобар со 31 поен на што додаде 9 скокови, Пенов, Мекиќ и Зекири постигнаа по 10 поени, а Цветковски и Враниќ 9. Ова е прв пораз за тренерот Малинков во третиот негов натпревар на клупата на Пелистер, од неговиот претходен клуб Еуро Никел. На останатите натпревари МЗТ Скопје Аеродром одигра тренинг натпревар против нивниот втор тим МЗТ Скопје УБ победувајќи 93:80. Гостивар на свој терен убедливо го победи Работнички 93:79. Кожув – Вардар 87:65, Куманово – Академија ФМП 97:71. На табелата МЗТ Скопје Аеродром останува лидер со 20 поени пред Гостивар и Еуро Никел кои имаат 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *