
На натпреварот од 17 коло во Серија А, Интер со 4:0 ја совлада Џенова за која не настапи Горан Пандев поради казна за црвен картон. Овој натпревар го одбележи добрата игра на Ромелу Лукаку кој постигна два погодоци, а шансата да изведе пенал му ја препушти на младиот 17 годишен соиграч Себастиано Еспозито. Еспозито беше прецизен и стана најмладиот играч на Интер кој постигнал гол на „Џузепе Меаца“. Лукаку покажа одличен тимски дух што е од голема важност за развој на неговиот помлад колега. Еспозито за овој потег изјави
-„Ромелу е фантастична личност исто како што е одличен играч. Ми рече, само земи ја токката и постигни гол“.