АНГАЖМАНОТ НА СТАНКОВИЌ ВО ЅВЕЗДА МОЖЕ ДА ИМА ПОВЕЌЕ ПРЕДНОСТИ

Откако поранешниот српски фудбалер со богато играчко искуство Дејан Станковиќ беше назначен за тренер на српскиот Шампион, Црвена Ѕвезда, фудбалската јавност очекува големи дострели. Реномето кое го има Станковиќ во фудбалска европа може да има многу предности за клубот. Со доаѓањето на Станковиќ интересот за младите играчи на Ѕвезда ќе се зголеми, самото име на Дејан Станковиќ е доволно да го привлече вниманието на странските менаџери и тренери. Стнковиќ исто така има врски во повеќе европски клубови, организации, менаџери со кои треба да соработува. Во српските медиуми на големо се пишува за неговото ангажирање во Ѕвезда, јавноста го следи секој негов чекор што придонесува за „храна на медиумите“ и за интерес на публиката. Во пролетниот дел од сезоната се очекува поголема посетеност на натпреварите на Црвена Ѕвезда што значи поголем приход од влезници. Со оглед на тоа што Ѕвезда оваа сезона настапи во Лигата на Шампиони и покажува амбиции за напредување можно е странски спонзори да влезат во клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *