
На вечерашната свечена церемонија во МАкедонскиот народен театар ФФМ додели повеќе награди за најуспешните луѓе во македонскиот фудбал. Елиф Елмас ја доби наградата за најдобар македонски фудбалер во странство за 2019 година, Елмас изминатата година направи трансвер од турски Фенербахче во италијанскиот прволлигаш Наполи, за сума од 16 милиони евра. Исто така Елмас имаше значајни резултати во сениорската репрезентација со која го постигна најдобриот пласман во квалификациите досега, а во март 2020 ќе имаат шанса за историски пласман на Европско Првенство.
-„Среќен сум што ја добивам оваа награда. Третпат сум тука, а се надевам дека оваа награда ќе ја оправдам со уште поголеми награди. Ви посакувам на сите среќни празници, се најдобро и ви благодарам за наградата“ – изјави Елиф Елмас.

Исто така признание за афирмација на македонскиот фудбал во странство доби и Стефан Ристовски, за најдобар фудбалер во македонското првенство е избран Висар Муслиу кој лани освои титула со Шкендија а сега настапува за унгарсики МОЛ Види. Награда за посебен придонес во македонскиот фудбал добија Алтрим Чураод Струга Трим Љум и Кочо Анѓушев од Борец Велес, награда за животно дело доби спортскиот новинар Атанас Костовски.

Најдобар стрелец во сезона: Ели Јаковска (ЖФК СЦ Истатов)
Најдобра фудбалерка: Ленче Андреевска (Драгон Скопје/Каменица Саса)
Најдобар тренер: Илија Мандаров (Драгон Скопје)
Најдобар младински фудбалер: Џемаил Ибиши (Вардар)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Флорент Рамадани (Шкендија)
Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Шкендија
Најдобар тренер во младински фудбал: Филип Деспотовски (ФК Вардар)
Најдобар фудбалер во футсал: Талант Исмаили (Шкупи)
Најдобар футсал тренер: Зоран Лекиќ (Шкупи)
Награда за посебен придонес во македонскиот фудбал:
Алтрим Чура (Струга Трим Љум)
Кочо Анѓушев (Борец Велес)
Најдобар фудбалски судија: Марјан Гоцевски
Фер-Плеј екипа: Академија Пандев
Најдобар стрелец во МФЛ: Влатко Стојановски (Ренова)
Најдобар фудбалер во МФЛ: Висар Муслуи (Шкендија)
Најдобар тренер во МФЛ: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)
Посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал:
Ивана Пројковска
ФК Дарданет
Љупчо Перински
Награда за животно дело: Атанас Костовски
Посебно признание за Слободан Вујчиќ – Брацо
Најдобра репрезентација: Репрезентација до 19 години
Посебен придонес за развој на македонскиот и репрезентативен фудбал:
Стефан Ристовски (Спортинг)
Најдобар фудбалер во странство: Елиф Елмас (Фенербахче/Наполи)