
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на денешниот меч во АБА 2 Лигата на домашен терен славеа против тимот на Спарс Сараево со 73:64, почетвртини 14:23, 24:9, 21:18, 14:14. МЗТ Скопје како многу пати досега лошо го започнаа натпреварот, Спарс го отвори натпреварот со серија 11:0, која ја прекина Дамјан Стојановски со поен од слободно фрлање. До крајот на првата четвртина Спарс Сараево ја одржуваше оваа предност. Во втората четвртина МЗТ Скопје се врати во игра и ја презема предноста за 38:32 на полувремето. Во Второто полувреме избраниците на Ѓорги Кочов не дозволија Спарс да се приближи и рутински го завржија натореварот. Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 17 поени, Морнар постигна 16, Милошевиќ 14, Бојан Крстевски 8. Кај гостите најефикасен беше Камењаш со 18 поени. Борац Чачак денес го совлада тимот на Слобода 99:69, и со тоа сеуште е на првата позиција на табелата со 25 поени пред МЗТ Скопје Аеродром со 23 поени.