На вчерашниот натпревар помеѓу Далас Маверикс и ЛА Лејкерс 114:129 каде се судрија двата кошаркарски великани Лука Дончиќ и Леброн Џејмс имаше многу драматични моменти. При водство на Лејкерси 75:56 во втората четвртина Дончиќ промаши две слободни фрлања при што си го искина дресот.
До крајот на натпреварот Дончиќ беше најефикасен во својот тим но не успеа да го донесе Далас до победа. Дончиќ постигна 25 поени, имаше и 10 скокови и 7 асистенции.
Кај Лејкерси очекувано најдобар поединец беше Леброн Џејмс со 35 поени, 16 скокови и 7 асистенции. Во редовите на ЛА Лејкерс се истакна и Кајл Кузма кој постигна 26 поени со 6 скокови и 2 асистенции.