
Фудбалерите на македонскиот есенски шампион Вардар загубија од Хрватски Хајдук 1:3, на првиот натпревар од зимсгите подготовки во Анталија, Турција. Вардар рано го отвори резултатот поведувајќи со 1:0 во дванаесетата минута од натпреварот, со погодокот на Дарко Митревски. Оваа предност Вардар ја имаше до 73 минута кога Хајдук преку Крековиќ го израмни резултатот, девет минути подоцна Теклиќ погоди за 2:1 а Крековиќ со својот втор погодок ги постави конечните 3:1 во корист на Хајдук. По овој натпревар тренерот Александар Васоски кој како играч настапуваше во Бундес Лигата, треба да работи со своите фудбалери на познатата германска истрајност и борба до последниот свиреж.