
Во крајно неизвесен натпревар во полуфиналето на Европското ракометно првенство Хрватска ја совлада Норвешка 29:28. Норвешка беше непосакуван противник за Храватска во ова полуфинале, но Хрватите покажаа вистински спортски дух и успеаа да ја совладаат фаворизираната Норвешка во инфаркт завршница каде се одиграа 80 минути или два пати по две продолженија. Првото полувреме го доби Хрватска со 12:10, на почеток на второто полувреме Хрватска во два наврати стигна до највисоката предност на овој натпревар од три голови, 13:10 и 15:12. Во вториот дел од второто полувреме Норвежаните не успеаа да го израмнат резултатот 15:15 и го одведоа натпреварот во неизвесна завршница. Регуларниот дел заврши со резултат 23:23 по што следеа две продолженија од пет минути. Во продолженијата притисокот беше голем за двете репрезентации, па и на двете страни играчите тешко се одлучуваа на шут. Првите две продолженија завршија со нерешен резултат по што следеа дополнителни два пати по две продолженија. Победникот се решаваше во последниот напад кога во полуконтра поранешниот Вардарец, Игор Караџиќ го проигра Жељко Муса кој прецизно стрелаше за конечна победа 29:28. Најефикасни во Хрватската репрезентација беа Дувњак кој постигна 8 голови, Мариќ 6, Хорват 4, а голманот Марин Шего забележа 9 одбрани. кај Норвешка најефикасен беше Сагосен со 11 голови, Јохансен, Танген и Гулеруд постигнаа по4 погодоци, а Бјорсен беше одлично затворен и постигна само 2 погодоци.
Хрватска ќе има шанса да го освои златниот медал на Европско Првенство што е единствениот медал кој им недостасува. Најголема шанса за освојување на ЕП Хрватска имаше 2008 година кога првенството се играше во Хрватска. Тогаш Хрватите беа поразени во финалето од Франција. Во финалето кое се игра во недела со почеток од 16:30 часот, Хрватска го очекува подобриот од дуелот помеѓу Шпанија и Словенија.