И покрај поразот во финалето на две места ќе има организирано прчекување на хрватските ракометари

Ракометната репрезентација на Хрватска не успае да го освои Европското Првенство и загуби во финалето од Шпанија 22:20. Повозрасната селекција на Шпанија беше подобар противник во тек на целиот натпревар и заслужено го освои златото. Патот на Хрватска до ова финале беше доста тежок, Хрватска на два пати забележа победа во крајно неизвесен финиш против селекцијата на Германија во групната фаза и против Норвшка по две продолженија во полуфиналето. Хрватските ракометари веднаш по завршувањето на првенството треба да се вратат во Загреб. Нивното свечено пречекување ќе биде во понеделник на главниот плоштад во Загреб, но сеуште не е познато во колку часот. Потоа играчите кои потекнуваат од Босна и Херцеговина при нивото враќање ќе бидат организирано пречекани во Мостар. Играчите кои потекнуваат од Босна се: Игор Караџиќ, Марин Мариќ, Жељко Муса, Давид Мандиќ, Марин Шего, Матеа Крстиќ и Јосип Шарац.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *