Играчите на Вардар ќе ги одиграат преостанатите дуели за да не го нарушат реномето на клубот

Image result for вардар во анталија

Покрај ситуацијата во фудбалскиот клуб Вардар каде неизвесно е кој ќе биде сопственик на клубот во наредната полусезона, играчите нема да ги прекинат зимските подготовки. Денес капитенот на Вардар, Филип Гачевски преку својот фејсбу профил во име на сите играчи изјави дека тие ќе излезат на терен и ќе ги одиграат останатите два пријателски натпревари во Анталија.

-„Ние играчите на Вардар соочени со проблемите решивме да ги одиграме и последните два натпревари од подготвителниот период, со цел да не се брука името Вардар. Се надеваме на позитивно решение за нашата иднина. Ова е официјално соопштение на сите играчи и стручниот штаб на Вардар“ пренесе Гачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *