
На 7 јуни 2014 година беше одржан осумнаесетиот Европски Куп на 10.000 метри на обновениот „Градски Стадион“ во Скопје кој тогаш беше преименуван во „Арена Филип Втори“. Организацијата помина во најдобар ред, а „Арената Филип Втори“ се покажа дека ги исполнува потребните услови за организирање на вакви спортски настани. За организацијата и тоа како помина овој Европски Куп објави на својот профил на Фејсбук проф. Мирослав Бошковиќ, кој тогаш беше дел од организацијата. Бошковиќ има долгогодишно искуство во македонската атлетика а денес е член на атлетскиот клуб „Вардар“.

На 7 јуни 2014 година, Скопје ја доби честа да биде организатор на осумнаесетиот Европски Куп на 10.000 метри во машка и во женска конкуренција. Организацијата на натпреварот е добиена по посетите на претставниците на IAAF, кои беа примени од претседателот на АФМ Крсто Серафимовски и генералниот секретар Дејан Ангеловски. По деталните проверки, беше констатирано дека новата атлетска патека, електрониката и информатичкиот систем, целосно ги задоволуваат критериумите за одржување на овој атлетски натпревар кој е во календарот на Европската атлетска федерација. Тоа беше првиот атлетски натпевар во серијата европски натпревари организирани од АФМ. За овој голем атлетски настан, за технички делегат беше определен Јело Амброжич, од Словенија, кој неколку пати беше наш гостин во подготвителниот период. Ве текот на неговиот престој во Скопје, имаше средба со сите раководни личности во Федерацијата, а посебно внимание посвети на обуката на ангажираните судии на натпреварот. Беше набљудувач и на Државното првенство на Македонија на 10.000 метри, како генерална проба пред главниот настан. Со оглед на тоа дека имаше многу забелешки за судиската организација, пред нас претстоеше одговорна задача, работата на судиите да биде усогласена со судиските правила на ИААФ. Како главен судија на натпреварот, со помош на Канцеларијата на АФМ, направивме листа на судии кои имаат афинитет и искуство со успех да ја реализираат задачата. Спрема европските правила, требаше да подготвиме судии – бројачи на кругови, кои во парови (тандеми) со педантното евидентирање на истрчаните кругови, и соопштување на преостанатите кругови кои требаше да се истрчаат. Еден судиски пар не можеше да следи повеќе од четири атлетичари и по секој круг, доколку атлетичарот заостанал круг или повеќе, судиите се должни да му ја покажат бројката за преостанатите кругови што треба да ги истрча до крајот на трката. За ова цел, секој од судиските парови имаше броеви, кои им ги покажуваа на оние кои заостанале еден или повеќе кругови. Битен фактор во регуларноста во трките на 10.000 метри, секако се формуларите кои се пополнуваат за секој атлетичар по секој истрчан круг. Мошне е битно, бројачите на кругови да бидат добро извежбани, да ги воочат броевите за кои се задолжени, и да ги евидентираат во записникот. Покрај бројачите на кругови, имавме и судии кои беа распоредени долж патеката, а исто така и судии на целта. И, дојде 7 јуни 2014 година, на само час ипол пред натпреварот, техничкиот делегат Амброжич ми ги предаде стартните броеви. Веднаш пристапивме кон распределбата на броевите. Со цел да не дојде до било каква грешка, како главен судија, имав и асистент, Марко Ивановски, кој ги контролраше моите постапки. Откако проверивме, дека сите четири групи се целосно покриени со потребен број судии, формуларите ги доставивме на секој пар судии. Зпочна и церемонијалот на отворањето на Европското првенство. Потоа, на присатните гости и публиката, им се обрати Марјан Спасевски, директор на Агенцијата за млади и спорт. И дојде првиот старт. Стартерот Кирџиев Атанас го означи стартот на “Б” групата за жени. Бројачите на кругови, предводени од главниот судија Киров Даниел и неговиот заменик Мики Здравковски, со максимална концентрација ја извршуваа својата задача. Тие двајцата раководеа со семафорот, при што на отприлика 100 – 120 метри го менуваа бројот на преостанатите вкругови. И првата трка успешно заврши. Јело Амброжич, со кого седевме заедно, не го криеше задоволството од успешно завршената трка. Потоа следеше втората или главната женска трка, па машката “Б” група, и конечно, на самиот крај, и главната машка трка. Со тоа, сите четири трки завршија со голем успех, а со тоа докажавме дека сме во состојба да се носиме и со земјите кои имаат и поголема традиција од нас. Европскиот куп на 10.000 нетри, покрај во поединечна, се бодува и во екипна конкуренција. Првите троица најдобро пласирани во машка и женска конкуренција добија медали: златен, сребрен и бронзен. Во женска конкуренција првите три пласирани беа:
1. Калвин Клеманс Франција 31:52,85
2. Аугусто Џесика Португалија 31:55,54
3. Мореира Сара Португалија 32:01,42
Во машка конкуренција на пиедесталот се искачија следните троица натпреварувачи:
1. Арикан Полат Кембои Турција 28:17,14
2. Каја Али Турција 28:17,82
3. Мандур Јасин Франција 28:22,30
Покрај поединечните победници, овој Куп се бодуваше и во екипна конкуренција. Се бодуваа првите троица пласирани од секоја репрезентација, така што се собираа нивните времиња, а редоследот се определуваше според тоа која екипа има подобро време. Во женска конкуренција редоследот на првите три екипи изгледа вака:
1. Португалија 1:36:53,43
2. Франција 1:39:34,38
3. Шпанија 1:40:16,15
Во машка конкуренција, редоследот на екипите беше следен:
1. Турција 1:25:30.44
2. Италија 1:27:36.24
3. Украина 1:27:57.97
Од македонските претставнички, Костова Росица беше седумнаеста, со резултат 41:49.46. Во машка конкуренција во “Б” група, Кокан Ајановски беше шеснаести, со резултат 33:35.08 . По успешно завршениот натпревар, беа прогласени најдобрите поединци и екипи во двете конкуренции. Дружењето на учесниците и организаторите продолжи во хотел “Континентал”, каде беше организирана заедничка вечера. По успешната организација на Европскиот куп на 10.000 метри, АФ на Македонија, во 2018 и 2019 година, доби уште два европски натпревара: Европското првенство во планинско трчање и Европското првенство “Ц” група.
Фотографии:
1. Церемонијал на отварањето на натпреварот 2. Судии – бројачи на кругови 3. Трка во женска конкуренција 4. Трка во машка конкуренција 5. Кокан Ајановски – ЕП, Скопје, 2014 6. Јело Амброжич, десно, технички делегат“. – напиша проф. Мирослав Бошковиќ.



