НЕМА ДА ИМА ШТРАЈК НА РАКОМЕТНИТЕ И КОШАРКАРСКИТЕ КЛУБОВИ

Најавениот штрајк на ракометните и кошаркарските клубови кој беше закажан за 3.11.2019 нема да се одржи. Исто така престанува нивниот бојкот на првенствените натпревари. Овие клубови не добија средства од АМС од проектот „Спортски ваучер“ и бараа порационална распределба на средствата предвидени во овој проект. Нивниот проблем е решен откако во собранието на Македонија се изгласа закон за поголемо вложување на даночните средства во спортот. Со тоа покрај големите клубови средства ќе добијат и помалите.

„Благодарност до сите релевантни фактори кои овозможија да се изгласа законот за данок на добивка со кој се даваат дополнителни средства со кои ќе бидат опфатени клубовите од понизок ранг. Со ова надополнување правиме сериозен исчекор напред во поддршката и развој на спортот во државата. Благодарност до нашите матични федерации, ошаркарската и ракометната што имаа разбирање за нашиот проблем. Од следниот викенд сите натпрервари во сите натпреварување продолжуваат во целост“ – стои во соопштението на здружените ракометни и кошаркарски клубови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *