Златан Ибрахимовиќ се поизвесно е дека ќе заигра повторно во Калчо лигата. Неговиот договор со сегашниот клуб Л. А. Галакси завршува во декември годинава. Иако Л. А. Галакси се обидува да го задржи понудувајќи му нов договор вреден 7 милиони долари тој изрази желба да заигра за Калчолигашот Болоња. Според „Коријета Дело Спорт“ Болоња му понудила на Ибрахимовиќ 8 милиони евра за 18 месеци. Дополнителен мотив за враќање во Италија за Ибрахимовиќ е тренерот на Болоња и негов пријател Синиша Михајловиќ кој боледува од церебрална парализа. Михајловиќ поради тешката болест не може целосно да се посвети на клубот. Болоња сега се наоѓа на средината на табелата. Целта на Михајловиќ е Болоња да се избори за место во европските натпреварувања. Популарниот Ибра изјави дека сака да му помогне на клубот и на тренерот Михајловиќ да ги реализираат нивните цели оваа сезона.