Ракометарите ва Вардар ја победија Војводина со 26:23 во осмото коло на СЕХА лигата. Вардар на овој натпревар настапи без искусните Стоилов, Атман, Дисинџер, Горбок, Горпишин и Толедо, а Кристопанс се повреди уште во првата минута и не го доигра натпреварот. Кај вардар најефикасни беа: Скубе со 7, ДИмитровски 6, Чупиќ 5 погодоци а голманот Кугис имаше 11 одбрани.