Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје од 1 до 3 ноември се одржа европското првенство во шотокан карате. На ова натпреварување учествуваа вкупно 1500 натпреварувачи од најмлади категории до ветерани. Македонските каратисти освоиа вкупно 49 медали од кои 12 златни, 14 сребрени и 23 бронзени. Македонија во генералниот пласман го освои петото место.