Македонската женска репрезентација ги почна подготовките за првиот циклус на квалификациите за наредното европско првенство кое ќе се одржи 2021 година во Франција и Шпанија. Селекторот Владимир Ѓорѓевиќ и неговиот помошник Срѓан Дамњановски ги повикаа сениорските репрезентативки и го одржаа првиот тренинг. На репрезентацијата викендов ќе им се приклучат и кошаркарките кои играат во странски клубови. Во овие натпревари селекторот Ѓорѓевиќ нема да може да смета на Јелена Антиќ која е повредена, а во тимот нема да има натурализирана кошаркарка. Дамите првиот натпревар ќе го одиграат на 14 ноември против Германија на гости а на 17 ноември играат против Летонија на домашен терен. Играчите кои беа повикани се:
- Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност Бемакс (Црна Гора)
- Александра Стојановска – Фљамурати (Албанија)
- Софија Лазареска – Милано Баскет (Италија)
- Нена Трајчевска – Самсун Чаник (Турција)
- Ивана Кметовска – Бадел 1862
- Ивона Пејковска – Вардар
- Емилија Лазарова – Вардар
- Сандра Лазареска – Бадел 1862
- Драгана Јоловиќ – Бадел 1862
- Јована Петрушевска – Вардар
- Наталија Белеска – Вардар
- Симона Деловска – Вардар
- Матеа Николиќ – Енсино Луго (Шпанија)
- Илина Селцова – Ратгибер (Унгарија)
- Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
- Наталија Секуловска – Бадел 1862
- Габриела Модева – Струга 2009
- Јована Стојанова – Вардар