Денес со почеток од 19:00 часот Еурофарм во „Боро Чурлевски“ го пречекува белорускиот шампион Мешков Брест. Еурофарм Работник оваа сезона немаше многу среќа во Лигата на Шампиони и таму е без шанси за пласман понатаму. СЕХА Лигата за Еурофарм ќе биде приоритет бидејќи таму се на делба на второто место во групата со релни шанси за пласман во наредната фаза.
