19 годишниот играч на Парма Дејан Кулушевски кој настапуваше за македонската репрезентација У17 во иднина нема да може да игра за Македонија. Македонија се обидуваше да го задржи талентираниот играч кој моментално игра во Парма а играше и во Аталанта и во Шведскиот клуб Бромапојкарна. Кулушевски е роден во Стокхолм и тој по неколку настапи во младинските категории на Шведска беше повикан во сениорскиот тим па доколку настапи на официјален натпревар тој нема да може да игра за друга селекција.
