ЖЕНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПЕТОК ИГРА ПРОТИВ ФАВОРИТОТ АВСТРИЈА

Македонската женска фудбалска репрезентација во петок ќе го одигра натпреварот против Австрија во квалификациите за Европското Првенство 2021 година. Македонија на овој натпревар ќе игра ослабена без капитенот Наташа Андонова и Романа Трајковска кој се повредени. Австрија е фаворит во групата Г но тренерот на македонската репрезентација Кирил Изов рече дека Македонија ќе се бори до крај.

Веќе неколку денови се подготвуваме во Скопје за претстојниот натпревар против Австија. Нашата репрезентација е ослабена за овој дуел бидејќи не можеме да сметаме на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а од истата причина ја немеме ниту Романа Трајковска. Австријките се силна репрезентација, фаворити за победа на утрешниот дуел, но сепак се надевам дека ќе се бориме во текот на сите 90. минути и ќе биде убав фудбалски натпревар на Националната арена“, изјави Кирил Изов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *