КОМИТИ НЕ ГО ЗАБОРАВААТ ИГОР КАРАЧИЌ

Хрватскиот репрезентативец кој помина 7 сезони во Вардар и беше миленик на публиката во сабота се враќа во Скопје како играч на Кјелце. Карачиќ ќе остане запаметен по неговите игри и неговото залагање во дресот на Вардар. Тој за 7 години со Вардар освои 2 титули во Лига на Шампиони, 4 во СЕХА Лига и 6 во Македонското првенство. „Комити“ не можат лесно да ги заборават сите убави моменти со него.

Фотографија на Komiti Skopje.
фото: фејсбук страница „Комити Скопје“

Има многу играчи кои не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме…
Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој еден не е Македонец по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој, легендата – Игор Карачиќ !!!
Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно. Игор е наш, наш и ќе остане. Сите во сала!!! Сабота, 9 Ноември – 17:30ч
.“ обајви на фејсбук навивачката група Комити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *