Стартуваше првото коло во кошаркарската лига исток. Кошаркаарскиот клуб од населбата Тафталиџе ТФТ Баскетбол на домашен терен го победи Феникс 2010 77:72. Овој натпревар се одигра во одлична кошаркарска атмосвера во малата сала во „Борис Трајковски“. Подолг период од натпреварот водеше Феникс но во завршницата се играше изедначено и ТФТ понесени од домашната публика дојдоа до важна победа. Во следното коло ТФТ Баскетбол ќе игра против МКК Куманово на гостински терен.



На останатите натпревари Струмица – МКК Куманово 67:63, во понеделник од 20:30 играат Спарта – Борец Баскет, а во вторник од 18:30 часот играат Баскет Кам – Шкупи.