Аргентинскиот ас Лионел Меси сака Барселона во своите редови да ги донесе дефанзивците Џошуа Кимих кој игра во Баерн Минхен и Милан Шкрињар од Интер. Меси е импресиониран од играта на овие фудбалери и смета дека тие би имале клучна улога во борбата за трофеите кои се цел на Барселона. Кимих има 24 години, за Баерн настапува веќе 4 сезони и можно е кариерата да ја продолжи во друг клуб. Милан Шкрињар пак кој настапува 2 години за Интер од клубот велат дека тој не е на продажба.