Екипата на МЗТ Скопје го доживеа вториот пораз во АБА 2 Лигата оваа сезона. На гостински терен против директниот конкурент за првото место Хелиос Санс, тимот на МЗТ Скопје не успеа да дојде до победа 78:76, по четвртини 24:24, 19:19, 21:11, 13:22. Натпреварот се играше изедначено во првото полувреме, третата четвртина ја доби Хелиос Санс со 9 поени предност. Во последната четвртина МЗТ се врати во игра но во крајно возбудливиот финиш не успеа да дојде до победа. Нај ефикасен кај МЗТ Скопје беше Џабари Хинс со 29 поени, а кај Хелиос Санс Давор Коњевиќ со 24 поени.