СЛОВЕНИЈА НЕ МОЖЕ ДА ТРЕНИРА ВО СВОЈОТ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ПОРАДИ ПОЈАВА НА СЕЗОНСКИ ПЕПЕРУТКИ

Нашиот ривал за третото место во групата репрезентацијата на Словенија која се подготвува за завршницата на квалификацискиот циклус има проблем да ги изврши тренинзите на својот тренинг камп „Брдо“ кој се наоѓа на 30 километри од Љубљана. Тренинзите не може да се одржат поради појава на сезонските пеперутки кои се заштитен вид наречени Јапонски свилен молец, во овој дел опколен со прекрасна природа. Овој фудбалски комплекс е изграден со донација на УЕФА во вредност од 9 милиони евра. Во него има 4 фудбалски терени и административна зграда. Но фудбалската репрезентација на Словенија нема да може да го користи овој спортски центар бидејќи рефлекторите на игралиштата не смеат да се уклучат поради појава на овие пеперутки. Сега фудбалерите на Словенија своите подготовки ќе ги реализираат во Копер кој се наоѓа на 107 километри оддалеченост од Љубљана.

Словенија на 16 ноември на домашен терен во Љубљана игра против Летонија, а на 19 ноември им гостува на Полска. Македонија и Словенија моментално имаат ист број бодови по 11. Последните два натпревари ќе одлучат многу работи во групата.

  1. Полска – 19
  2. Австрија – 16
  3. Македонија – 11
  4. Словенија – 11
  5. Израел – 11
  6. Летонија – 0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *