Работнички со максимални „три од три“ е на врвот на табелата во кошаркарското првенство на Македонија. Третото коло во кошаркарскиот шампионат донесе многу возбудувања. Рааботнички во тежок натпревар успеа да слави победа на гостински терен против Куманово 70:72. Гостивар на свој терен во изедначен натпревар го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 80:78. На останатите натпревари: МЗТ Скопје 2 – Вардар 75:95, Кожув – Еуро Никел 2005 86:61, Пелистер – Академија ФМП 92:77. По одиграни само три кола единствено Работнички е непоразен и го држи првото место на тбелата.
Табела: Работнички – 6, Кожув – 5, МЗТ Скопје Аеродром – 5, Гостивар – 5, Куманово 2009 – 5, Еуро Никел 2005 – 5, Вардар – 4, Пелистер – 4, Академија ФМП – 3, МЗТ Скопје Уни Банка – 3