Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски е голем познавач на Австрискиот фудбал. Наумоски своевремено имаше понуда да нсатапува за Австрија и поголемиот дел од својата кариера го помина во Австриското првенство. Тој рече дека Австрија ќе биде најголем фаворит за второто место во групата и дека е речиси невозможно Австрија да загуби во последните два натпревари.
„Доколку не загубивме од Полска, ќе беше една понеизвесна борбата во Виена, вака Австрија дефинитивно ја има фаворитската улога. Дури и да победиме во Виена, Австрија ќе триумфира против Летонија која е премногу слаба“ изјави Наумоски.
Јасно е дека преку оваа група ќе биде тешко Македонија да се пласира на ЕП но доколку тоа не се случи нашата репрезентација ќе има шанса да се пласира преку Лигата на Нации. Ова натпреварување ќе се игра во март идната година и се очекува Македонија да игра полуфинале со репрезентациите на Косово, Белорусија и Грузија од кои најдобрата репрезентација ќе се пласира на Европското Првенство.