Денеска ФИБА ги одреди земјите кои ќе бидат домаќини на квалификациите за Олимписките Игри во Токио следната година. Квалификации ќе се одржат во машка и во женска конкуренција во 4 различни држави. Квалификациите за мажи ќе се одиграат во: Канада(Викторија), Хрватска(Сплит), Литванија(Каунас) и Србија(Белград), од 23 до 28 јуни 2020. Во женска конкуренција квалификации ќе се играат во: Белгија(Остенде), Кина(Фашон), Франција(Бриж) и Србија(Белград), од 6 до 9 фебруари 2020. Составите на групите ќе бидат познати на жрепката која ќе ссе одржи на 27 ноември во седиштето на ФИБА во Женева. Во секој град ќе играат по 6 екипи во машка оносно по 4 екипи во женска конкуренција. На Олимписките Игри ќе се пласираат само победниците на турнирите од секој град.