УЛИ ХЕНЕС СЕ ПОВЛЕКУВА ОД БАЕРН МИНХЕН

Легендата на Баерн Минхен и на германскиот фудбал Ули Хенес овој петок ќе ја напушти функцијата претседател на Баерн после 40 години поминати во клубот. Хенес целиот живот му го посвети на Баерн од Минхен. На почетокот на кариерата Хенес на 18 години ја освои титулата во германското првенство а на 20 стана европски шампион со Баерн. Поради повреда на коленото тој мораше рано да ја заврши играчката кариера на свои 27 години. Но тука не престанаа неговите релации со минхенски Баерн. Хенес на свои 27 години стана менаџер на Баерн додека клубот беше во финансиска криза пред банкрот. Тој за кратко време не само што го извади од оваа криза, туку Баерн почна да ниже големи успеси и стана сериозен бренд во европскиот фудбал. Тој го направи Баерн најдобар германски клуб и локомотива на Бундес Лигата. Откако Хенес влезе во менаџментот на Баерн успеа да освои 24 титули во првенството, 14 во купот и две титули во Лигата на Шампиони. Дамка во кариерата на Ули Хенес беше скандалот со даночно затајување во 2013 година. Во 2014 тој доби затворска казна од 21 месец за затајување на данок во вредност од 28,5 милиони евра. После овие случувања репутацијата на Ули не беше нарушена па тој по излегувањето од затвор во 2016 повторно беше избран за претседател на Баерн Минхен. По оставката на претседателското место Хенес нема целосно да се повлече, тој ќе остане во Бааерн но како супервизор. За наследник на Ули Хенес предложен е поранешниот директор на Адидас Херберт Хајнер. Хајнер би требало да наследи стабилен и богат клуб кој има пријавено 750 милиони евра промет и 52 милиони евра профит, Баерн ја има откупено Алианц Арената, има околу 1000 вработени и 300.000 членови на клубот. Во Баерн Минхен моментално има потреба од работа, клубот бара нов тренер откако Нико Ковач си заина по лошите резултати.

Резултат со слика за uli henes

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *