Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја очекува дуел против последнопласираната селекција на Фарски Острови. Фудбалерите се пристигнати во Торшван каде утре од18:00 часот треба да одиграат против домаќинот Фарски Острови. Но македонија се соочува со проблеми во Торшван, таму терените се замрзнати при што има лоши услови за игра. Нашата репрезентација не ги одработи предвидените тренинзи поради овие околности. УЕФА е известена за лошите услови за игра и се очекува нивна реакција.
Очекувам сосема различен натпревар во однос на дуелот кој го одигравме во Скопје. Фарски Острови воопшто не се наивна репрезентација, а тоа го покажаа на мечевите во овој квалификациски циклус. Нема да биде лесно, но се надевам дека сите фудбалери ќе бидат на висина на задачата и максимално сконцентрирани на утрешниот дуел. Во нашиот состав веројатно ќе има промена или две во однос на составот со Шпанија. Против шпанците бевме одлични на тактички план, посебно во дефанзива, имавме проблеми во транзицијата од одбрана во напад, но јас сум задоволен од начинот на кој тактички се спротивставивме. Сега е сѐ поразлично, условите на теренот и сѐ околу е чиста импровизација, теренот е замрзнат и поради тоа не одработивме ниту дел од програмата за тренинг, изјави тренерот Благоја Милевски.