Кошаркарската репрезентација на Србија доби нов тренер по оставката на Александар Ѓорѓевиќ. Негова замена ќе биде искусниот српски стратег Игор Кокошков. Кокошков го освои последното Европско Првенство со репрезентацијата на Словенија, тогаш Словенија ја победи фаворизираната Србија во финалето. Моментлно Кокошков е помошник тренер на Сакраменто Кингс во НБА Лигата пред тоа беше тренер на Феникс Санс а бил помошник тренер на повеќе НБА екиппи. Исто така Кокошков има и кратко искуство како помошник тренер на репрезентацијата на Србија и Црна Гора. Игор Кокошков ќе има тешка задача во иднина, од него се очекува да ја однесе Србија во светскиот врв. Српската репрезентација има доста квалитетен состав но засега не игра на посакуваното ниво. Следен предизвик за репрезентацијата на Србија е квалификацискио турнир за Олимписките игри кој ќе се одржи во Белград. Ова ќе биде прв тест за Игор Кокошков.