ПАНДЕВ СЕ НАДЕВА НА ИСТОРИСКО ТРЕТО МЕСТО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Досега најголем успех на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија е четвртото место во квалификации за Европско или Светско Превенство. На овие европски квалификации нашата репрезентација има најголеми шанси да го подобри тој учинок. Македонија ја очекува дуелот против Израел на домашен терен каде сме благи фаворити, и со победа на овој меч може да се освои третото место. Освојување на третото место ќе биде добро за да го докажеме квалитетот со кој располагаме и да се најдеме таму каде ни е местото по прикажаните игри во овие квалификации. Сепак како и да заврши во групата Македонија има шанса преку лигата на нации да отпатува на Европското Првенство 2020.

„Ова е последниот наш меч во овие квалификации и сакаме со победа да ги завршиме квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Игравме во овие квалификации во една неатрактивна, но тешка група и само против Австрија потфрливме, додека на останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот“, изјави Горан Пандев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *