МЗТ СКОПЈЕ ГО ОЧЕКУВААТ ДВА ВАЖНИ ДУЕЛИ

Актуелниот шампион на Македонија МЗТ Скопје утре со почеток од 19:00 часот во салата „Јане Сандански“ го пречекува Широки Брјег, во АБА 2 натпреварувањето. За МЗТ Скопје ова е важен натпревар, моментално МЗТ и Широки се на делба третото место на табелата со 12 бодови. Тренерот Ѓорѓи Кочов изјави дека очекува поддршка од трибините.

Играме против екипа која е физички на високо ниво, која игра агресивна одбрана и која е одлична во транзиција. Тоа е тим кој минатата сезона беше шампион на БиХ, што доволно говори за нивниот квалитет и сериозност. Очекувам максимална ангажираност од моите играчи и се надевам дека на идентичен начин ќе одговориме на нивната агресивност. Би сакал да имаме голема поддршка од трибините која мислам дека многу ќе ни значи на овој натпревар“, истакна Кочов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *