По оставката на тренерот Александар Таневскки се шпекулираше дека нов тренер на Македонија Ѓорче Петров ќе биде Наџи Шенсои. Денеска се потврдија шпекулациите и Македонија ЃП официјално го назначи Шенсои за нов тренер на клубот. Наџи Шенсои е роден во Косово 1958 година, својата играчка кариера ја поминал во Турското Првенство, а бил тренер во повеќе балкански држви. Тој како тренер ги има водено екипите на Истанбулспор, Генчербирлиги и Алибејку од Турција. Славиа Софија, Пирин Благоевград, Беласица Петрич, Вихрен Сандански, Локомотив Пловдив од Бугарија. Борча од Србија, Туран од Азербејџан и повеќе клубови од Албанија. Шенсои сезоната 2016/17 го водеше Битолски Пелистер со кој ја прекина соработката откако не успеа во намерата да се избори за излез во европа. Првиот натпревар на клупата на Македонија ЃП Шенсои ќе го има на градското дерби против Работнички.