Утре со почеток од 13:00 часот треба да се одира натпреварот од првата Македонска Фудбалска Лига помеѓу Македонија ЃП и Работнички. Како што стојат работите на табелата ова ќе биде важен дуел на овие две екипи. На клупата на Македонија ЃП на овој дуел ќе дебитира новиот тренер Наџи Шенсои. Работнички се надева дека ќе ги поправи грешките од почетокот на оваа полусезона и ќе има подобри резултати понатаму. Тренерот на Работнички Марјанчо Андески изјави дека Работнички е подготвен за утрешното градско дерби.
„Паузата ја искористивме за да исправиме дел од грешките и подготвено го очекуваме продолжението од првенството. Се надеваме на многу подобри игри и резултати во следниот период. Посакуваме позитивната низа да стартува од утрешниот натпревар во Ѓорче Петров. Но, нема да биде лесно, бидејќи Македонија ЃП е квалитетен состав и посебно добро игра пред сопствените гледачи“, изјави Андрески.
Ke bide dobar natprevar