На првиот натпревар од петнаесетото коло во Првата Македонска Фудбалска Лига Македонија ЃП славеше против Работнички 2:0 во градското дерби. На овој натпревар деби на клупата на Македонија ЃП имаше тренерот Наџи Шенсои. Головите ги постигнаа Јашаровски во 15 и Божиновски во 70 минута. Работнички со овој пораз остана на последната позиција на табелата со 11 бодови, а Македонија ЃП сега е четврта со 21 бод. Останатите натпревари се играат утре од 13:00 часот. Борец – Силекс, Шкендија – Ренова, Академија Пандев – Струга Трим Лум, Вардар – Шкупи.