ЕУРОФАРМ ПРОПУШТИ ПОБЕДА ПРОТИВ МЕТАЛОПЛАСТИКА

Еурофарм Работник загуби на гостувањето во Шабац против Металопластика 27:26. На овој натпревар Еурофарм имаше предност и го диктираше темпото на игра во поголемиот дел од наптреварот. Еурофарм добро го отвори резултатот и поведе со 0:4. Првиот гол Металопластика го постигна во 10 минута од натпреварот. Но подоцна имаше пад во играта на Еурофарм па на полувреме се отиде со резултат 11:12. Во второто полувреме се играше израмнето но со блага предност на Еурофарм. Металопластика дури во финишот дојде до првото водство 25:24 кое го одржуваше до крајот на натпреварот. Ова е уште еден од многуте тесно загубени дуели во финишот на избраниците на Стевче Алушевски. Еурофарм мора да менува нешто во својата игра доколку сака успех во иднина. Со оваа победа Металопластика се искачи на делба на третата позиција на табелата со Еурофарм и Загреб кои имаат по 9 бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *