РАКОМЕТАРКИТЕ СО ПРВ ПОРАЗ НА ТУРНИРОТ ВО АНТАЛИЈА

Нашата женска ракометна репрезентација беше поразена од домашната селекцијата на Турција (А) 44:32, на пријателски натпревар на турнирот во Анталија. Ова беше втор натпревар на нашите ракометарки денеска и беше видлив заморот кај нив. Најефикасни кај Македонската селекција беа Ѓорѓиевска, Стојановска, Кипријановска и Саздовска со 6 погодоци. Ова беше прв пораз за нашата репрезентација на овој турннир. На претходниот натпревар кој се играше денес во 11:30 часот Македонија победи против екипата на Турција (Б) 19:37, а на вчерашниот натпревар нашите ракометарки одиграа нерешено против Италија 29:29.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *