Ракометарите на Вардар доживеаа висок пораз во ЕХФ Лигата на Шампиони од екипата на Мешков Брест 31:22. Првото полувреме се играше изедначено со најизменично водство на двете екипи, најголемата предност ја имаше Вардар на два наврати со два гола разлика. Конечниот резултат на полувреме беше 12:13. Во второто полувреме Мешков Брест направи пресврт 14:13, по што одржуваше предност од 2 – 3 голови. Во финишот на натпреварот имаше голем пад во играта на Вардар. Мешков Брест направи серија од 8:0 за конечна победа 31:22. Најефикасни кај Вардар беа Стоилов со 6, Дибиров 4, Атман 4 погодоци. Кај Белорускиот представник Ваилупау беше убедливо најефикасен со 12 погодоци, Шкурински постигна 9.
